врати се на Слободен Печат

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

На 5.2.2024 год. се навршуваат 40(четириесет) дена од смртта на нашата мајка и баба

СОФИЈА ЛУЗЕВСКА

1939-2023

По тој повод на 5.2.2024 год. (понеделник) ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел и ќе оддадеме достојна почит.

Поменот ќе се одржи во 11 30 часот.

Мамо премногу недостасуваш.

Почивај во мир.

Со почит

од ќерките Грета Лузевска и Виолета Лузевска Србиновска

ДЕСЕТГОДИШЕН ПОМЕН

Поминаа десет години без тебе

НИКОВСКИ КИРИЛ

ТАТО,

Споменот за тебе е спомен за твојата добрина, мир и љубов.

Вечно ќе те паметиме.

Ќерките Лулика и Оља, внуците Искра, Андреј и Доротеа и правнуците Александар и Кирил

СЕЌАВАЊЕ

за нашиот сопруг, татко, дедо и прадедо

МИРКО ПОПОВСКИ

2019-2024

Нема ден без мисла со љубов и тага за тебе.

Нема зборови колку ни недостасуваш.

Сопругата со семејството

ЖАЛНА ВЕСТ

Со голема тага ве известуваме дека на 2.2.2024 година по кратко боледување почина нашиот почитуван и сакан сопруг, татко, дедо

АЛЕКСАНДАР РУСЕВ - ЦАКИ

Погребот ќе се изврши во недела 4.2.2024 година на Градските гробишта Бутел, Скопје во 12 часот.

Со љубов,

Сопругата Душанка, синовите Горан и Герман Русеви со семејствата

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Поминаа три години откако нè напушти нашиот сакан син,брат и татко

РИСТЕ НЕДАНОВСКИ

По тој повод во недела на 4.2.2024г., ќе го посетиме неговото вечно почивалиште и ќе положиме цвеќе во 11ч. на гробиштата во Горно Лисиче.

Од семејството Недановски и семејството Маркозанови

СЕЌАВАЊЕ

МИРЈАНА ПАВЛОВА

1933-2022

Со голема љубов и благодарност се сеќаваме на заедно поминатите години кои ќе останат засекогаш во нашите најубави спомени.

Бескрајно ни недостасуваат твојата љубов, внимание и насмевка со која не даруваше.

Те сакаме.

Ирена, Игор, Кирил и Сандра со семејствата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Изминаа четириесет тажни дена без нашиот сакан татко и дедо

СИМЧЕ ГРНЧАРЕВСКИ

1944-2023

По тој повод на ден 30.1.2024 год. во 12 часот ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата Бутел.

Од семејството Марин, Маја, Зоки, Даме и Стефан

ВЕЧЕН НЕПРЕБОЛ

На 30 јануари 2024 се навршуваат шест години од прераната смрт на нашата сакана и никогаш непрежалена ќерка и сестра

ГЕОРГИЕВА КАТЕРИНА

од Гевгелија

1974-2018

Горди сме што те имавме, а бескрајно тажни што те изгубивме.

Нека твојата племенита и искрена душа почива во мир.

Од мајката Лилјана, таткото Павле и братот Костадин

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН

на нашиот почитуван брат

ИВАН МОНЕВ МУРАТОВСКИ

Во недела, 28.1 ќе го посетиме неговото вечно почивалиште.

Викторија и Филип со семејствата

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Во сабота, 27.01.2024, се навршуваат 40 дена од смртта на нашиот сакан татко и чичко

МИЛАН ДОГАНЏИСКИ

По тој повод, ќе го посетиме неговиот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Од ќерката Марија и внукот Васил

СЕЌАВАЊЕ

Во понеделник, 29-ти Јануари 2024, се навршуваат 25 години од смртта на нашата сакана мајка и баба

СЛАВИЦА СТОЈКОСКА

1951 – 1999

Четврт век без тебе, но секогаш во нашите мисли и срца. Љубовта е појака од времето кое минува.

Почивај во мир, МАЈКО!

Од синовите Дарко и Андреј со семејствата

НЕПРЕБОЛ

Пет години

Д-р. КАТЈА ПАУНОВСКА

стоматолог

Катја љубов моја.

Тажниот поет ја нашол својата Беатриче.

Јас ќе те најдам тебе.

Твојот Кирил

ТРИ ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ

Три години секој ден срцата ни зборуваат без да го чујат твојот глас.

Три години ти со нас, ние без тебе.

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Недостасуваш премногу.

До следната заедничка прегратка со нашиот љубен син и брат.

Во сабота во 11 часот ќе го посетиме твоето почивалиште во Бутел.

Вечна ти слава!

Од таткото Душан, мајката Ружа и сестрата Елена Казанџиевски

ТАЖЕН ПОМЕН

Поминаа три години без нашиот сакан сопруг и татко

МИТРЕ КАЗАНЏИЕВСКИ

Ни недостасуваш премногу. Времето поминува, но болката не стивнува.

Почивај во мир, најмил!

Твоите

Искра и Оливер

ПОМЕН

ЕФТО СПИРЕСКИ

1951-2019

ТАТО,

Поминаа 5 години од твоето заминување и многу ни недостигаш.

Твојата ведрина, дух и енергија засекогаш се врежани во нас, во нашите срца.

Твоите Марија, Елена и Виктор

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

Помина една година без тебе

МИХАЈЛО НИШЛИСКИ

29.1.1938-1.2.2023

По тој повод на 27.1.2024 во 11 ч. во Соборниот Храм Св. Климент Охридски ќе ја обележиме годишнината од неговото починување.

Твоето отсуство се чувствува.

Ни недостасуваш.

Твоите Марина, Мартина со ќерките Анастасија и Јана и Бјанка

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

до мојот колега и другар

ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ

Почивај во мир драг пријателе.

Никола Петковски

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН
Во Недела, 28-ми Јануари 2024, се навршуваат 6 месеци од смртта на нашиот сакан сопруг, татко и дедо

МУРАТОВСКИ ИВАН

(1937-2023)

По тој повод, ќе го посетиме неговиот вечен дом и ќе положиме свежо цвеќе.

Од сопругата Елена,ќерката Катерина,зетот Горан и внукот Горјан