врати се на Слободен Печат

ЧЕТИРИГОДИШЕН ПОМЕН

Четири години без нашиот сакан и почитуван татко, дедо и свекор

РАДЕ АТАНАСОВСКИ

1926-2020

Се гордееме со тебе, секогаш ќе останеш со нас.

Те сакаат ќерката Ленче и синот Јонче со семејствата.

ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН

Поминаа 40 дена откако почина нашиот сопруг, татко, дедо

ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ

архитект

77 години

Поменот ќе се изврши на ден 2.3.2024 (сабота) во 09:30 часот на Градските гробишта Бутел.

Од семејството

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ 

Ги известувам сите роднини и пријатели дека на 28.2.2024 година почина нашиот тетин

ПЕРО ЈАКШЕСКИ

1930 - 2024

Почивај во мир.

Од Благоја, Љупче и Танас со фамилиите

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известувам сите роднини и пријатели дека на 28.2.2024 година почина мојот татко

ПЕРО ЈАКШЕСКИ

1930 - 2024

Погребот ќе се изврши на градските гробишта Бутел на 29.2.2024 од 11 – 12 часот.

Од синот ИЛИЈА

СЕЌАВАЊЕ

РУЖА ДИМИШКОВСКА

27.2.2016 - 27.2.2024

Времето незапирливо одминува, но ти остануваш во нашите мисли, души и срцa

Твоите Димитрие, Билјана и Ана со семејствата

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека почина нашата сакана

БОЖАНА БОГАТИНОВСКА

1931-2024

Бесконечна благодарност!

Од семејството.

СЕЌАВАЊЕ

на моите родители

ДРАГИЦА СТРУЖАНЧЕ

1927-2008

Засекогаш во нашите спомени.

Од вашите Љупчо, Соња и Никола

СЕЌАВАЊЕ

на моите родители

ЈОНЧЕ СТРУЖАНЧЕ

1925-2004

Засекогаш во нашите спомени.

Од вашите Љупчо, Соња и Никола

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На 17.2.2024 година се навршува една година без нашата сакана мајка, баба, прабаба и свекрва

ЉИЉАНА НИКОЛОВСКА

Сеќавањата на тебе, твојата љубов и грижа која неуморнo ни ја даваше, вечно остануваат во нашите мисли и срца. Многу ни недостасуваш, мила наша.

Поменот ќе се одржи на гробиштата Бутел во 11.30 часот.

Со љубов и почит твоите деца Славко, Катица и Златко со семејствата.

ТАЖНА ВЕСТ

Ве известуваме дека на 11.2.2024 почина нашата мајка, баба и сопруга

ЈАНЕВСКА КАТЕРИНА

1943-2024

Погребот ќе се изврши на Градските гробишта Бутел на 13.2.2024 година од 11 до 12 часот во Капела.

Од фамилијата

ЖАЛНА ВЕСТ

Ги известуваме нашите роднини и пријатели дека почина нашата мајка

МИЦА

од Дебар

1932-2024

На ден 10.2.2024 (сабота) во 11:30 часот ќе биде изложено телото во Капела Бутел, а погребот ќе започне во 12 часот.

Од синовите Љубе и Никола Аврамовски

СЕЌАВАЊЕ

МИЛАН ИВАНОВСКИ

Татко,

поминаа 12 тажни години без тебе, но ти остана во моето срце и душа засекогаш.

Ти благодарам за поддршката што ми ја даваше.

Почивај во мир.

Твојот син Венко

ТРИГОДИШЕН ПОМЕН

Се навршуваат три години од смртта на нашата сестра, золва, тетка и баба

МИЛКА САЈКОВА

По тој повод на 10.2.2024 година во 12 часот ќе го посетиме нејзиниот вечен дом на Градските гробишта Бутел.

Те носиме во нашите срца и мисли.

Почивај во мир.

Од семејството

ПОМЕН

40 дневен помен на нашата мајка, свекрва, баба и прабаба

БЛАГА ФИТИ

Бескрајна благодарност за сè што направи за нас.

Таки,Зоја и Нина и Благородна со семејствата

ПОМЕН

40 дневен помен на нашата мајка, баба и прабаба

БЛАГА ФИТИ

Ни останува споменот на твојата добрина и љубов со несебична грижа, разбирање и поддршка за сите нас.

Снеже,Драги,Никола и Атанас со семејството

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На ден 10.2.2024 год. (сабота) се навршува една година од прераната смрт на нашиот  братучед и чичко

ДИМИТАР АНАСТАСОВСКИ

1977-2023

По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата Бутел во 10:30 часот

Од братучедите Мартина и Марко,снаата Весна, зетот Оги, и внуците Ева, Филип, Лана и Ведра

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На ден 10.2.2024 год. (сабота) се навршува една година од прераната смрт на нашиот внук, братучед и чичко

ДИМИТАР АНАСТАСОВСКИ

1977-2023

По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата Бутел во 10:30 часот.

Од тетка Ели, тетин Диме, братучетка Маја, зет Кире, внуци Леон и Ирис

ЕДНОГОДИШЕН ПОМЕН

На ден 10.2.2024 год(сабота) се навршува една година од прераната смрт на нашиот внук, братучед и чичко

ДИМИТАР АНАСТАСОВСКИ

1977-2023

По тој повод ќе го посетиме неговиот вечен дом на гробиштата Бутел во 10:30 часот

Од чичко Гоце, стрина Бранка, братучеди Фросина и Филип, зет Иван, внуки Елени и Ана